_ _ _ __ _ ___ ___| | _____( ) | | ___ __ _ ___. / _` |/ _ \/ _ \ |/ / __|/ | |/ _ \ / _` / __| | (_| | __/ __/ <\__ \ | | (_) | (_| \__ \ \__, |\___|\___|_|\_\___/ |_|\___/ \__, |___/ |___/ |___/
На 30 мај 2013 година во КИКА одржав предавање насловено „Моето патување во Гикдонија - Oд Народна техника до КИКА“. Како што ја раскажував мојата приказна, сфатив дека во неа недостасува придонес од сите луѓе кои на различни начини се дел од неа. Затоа во летото 2013 ги направив овие 10 интервјуа како дополнување на мојата приказна, која што исто така ја преточив во текст.
Од Народна техника до КИКА
Се надевам дека овие интервјуа ќе послужат како документ за нашата култура и работа, за нашите мотиви и надежи, и секако нашата смисла за хумор.
Интервјуата вклучуваат 28 луѓе, групирани онака како што мене ми беше најзгодно. Списокот на луѓе и на приказни не е целосно исцрпен, и можеби во иднина ќе биде дополнет.
Мојата благодарност оди до сите што учествуваа и помогнаа, но и до сите што се дел од нашата заедничка историја, а, сега за сега, овде не се појавуваат со нивни зборови.