#1 НН: Да започнеме со вашата приказна за тоа како и зошто почнавте да користите слободен софтвер? Дали локалната заедница и КИКА имаа некаква улога во тој процес?

ГМ: Слободен софтвер почнав да користам, колку што се сеќавам, од средината на 2002 год. Или, можеби со појавата на првата верзија на прелистувачот Phoenix - предвесникот на Firefox? Како и да беше, сè до 2004 година, слободен софтвер користев главно на оперативниот систем Windows и сè уште се немав решено да инсталирам дистрибуција GNU/Linux.

Како мрежата Интернет стануваше сè подостапна кај нас, така стануваше сè полесно да се добие пристап до слободен софтвер. Преземав и пробував најразлични дистрибуции GNU/Linux: Knoppix, Mandriva Linux, Debian, Fedora, Ubuntu, Linux Mint и други. Почнав да ги користам и 7-zip, CDex, Blender, Inkscape, OpenOffice.org (денес LibreOffice), Stellarium, Thunderbird, Pidgin, Amarok, WordPress, Notepad++, VirtualBox, SumatraPDF, Clementine, NetBeans итн.

Во мојот случај, локалната заедница, односно Слободен софтвер Македонија, помогна да останам информиран и свесен за предностите од користењето на слободен софтвер.

Зошто почнав да користам слободен софтвер? Најпрвин од љубопитност, а подоцна и заради личното убедување дека, сепак ми е важно да имам целосна контрола врз алатките што ги користам.

ВЗ: Кога бев трета или четврта година средно образование, се заинтересирав повеќе за GNU/Linux. Другари ми препорачаа Debian и Fedora; еден другар дури ми даде CD (или DVD, не се сеќавам) со Fedora 4 или 5. Потоа дознав за Ubuntu и нивната програма за праќање бесплатни CD-а, и неколку пати нарачав Ubuntu, Kubutu, Edubuntu, и така ги пробував различните дистрибуции. Неколку CD-ња ги споделив и со другари. Се сеќавам дека имаше една промотивна понуда од Македонски телеком, еден месец пробен ADSL со неограничен даунлоуд, и јас тогаш ги симнав сите попознати дистрибуции: Knoppix, Slackware, Puppy, Debian, CentOS, Gentoo, OpenSUSE, и ги режав на CD/DVD (со режач позајмен од другар, што после се расипа :) ). На крај знам дека стигнав до 80 гига даунлоад за еден месец (што на времето беше огромно), и не склучив договор со Македонски телеком (веќе имав договор со Он.Нет, хихи) :) Така ги пробував дистрибуциите за ден-два (бев класичен distrohopper), ама на крај се решив да го користам Убунту.

Некако на интернетот дознав за Слободен софтвер Македонија. Во исто време (тогаш веќе бев прва година на факултет) почнаа активности на 2с.мк наречени СподелиЗнаење, што тогаш се одржуваа во амфитеатарот на ФЕИТ. Се сеќавам дека на едно такво предавање Дамјан покажа како се инсталира дистрибуција (не знам која) на неговиот штотуку купен лаптоп IBM Thinkpad (што уште го користи :) ). Еднаш бев и во Точка (беше некој настан поврзан со Fedora, можеби грешам). Некако потоа изгубув интерес и престанав да одам на настаните СподелиЗнаење (знам, shame on me).

Потоа кога бев втора година на факултет, го купив мојот прв лаптоп (Фуџицу-то што уште го користам), и на него немаше никаков ОС. Прво инсталирав Ubuntu. Поради тоа што на факултет се форсира користење на M$ срања, инсталирав и Windows (дуал бут). Едно време програмите кои ми требаа на Ubuntu-то ги компајлирав од изворен код, и мислам дека тогаш научив доста работи.

Едно лето еден пријател ми се јави и ме праша дали сум заинтересиран за пракса во една фирма, и ме праша дали знам да користам GNU/Linux. Му реков да. Од тогаш постојао користам GNU/Linux. Почнав посериозно да се интересирам за него. Иако имав дуал бут, Windows-от скоро и никогаш не го користев. После едно време го избришав. Потоа на Ubuntu излезе Unity, што многу ме иритира. Инсталирав Fedora, и го користев околу пола година - една година. Морам да кажам дека имам посебнa симпатија кон Fedora. Но, имав некакви проблеми со драјвери, и пак се вратив на Ubuntu.

Потоа го посетував курсот за Linux Kernel development во Сивус (каде што потоа и се вработив), и почнав уште повеќе да учам за GNU/Linux. Почнав да читам и за културата и филозофијата на споделување. Инсталирав Arch, а после тоа сакав да го претворам мојот Arch во целосно слободна дистрибуција Parabola. Но, ова заврши несреќно, бидејќи Parabola целосно го острани неслободниот софтвер, и така мојата графичка картичка не работеше поради отстранетиот неслободен драјвер. Очајно се обидов да го вратам Arch-от, но неуспешно. Не сакав одново да инсталирам се од нула. Знаев за Хаклабот КИКА и за активностите што се одрживаат во хаклаб (го имав претходно посетено 2-3 пати на програмски јазици). Па реков ќе одам на GNU/Linux прва помош, таму сигурно ќе се најде некој што ќе ми помогне да го решам проблемот. И навистина, Алекс ми го врати Arch-от :) Од тогаш, решив да доаѓам почесто во хаклаб, да придонесам и јас во заедницата. И не се каам, бидејќи научив многу работи. Од Алекс дознав за tiling window manager-oт awesome, но не го инсталирав, по препорака на Шпион инсталирав i3 :) Можеби некогаш ќе го пробам awesome, но прво треба да учам Lua за да го конфигурирам :) Почнав да учам и за Пајтон, се надевам дека во скоро време ќе го владеам убаво. Се заинтересирав уште повеќе за функционалните јазици (од порано читав за Lisp, бидејќи ми требаше за конфигурирање на Emacs, потоа читав и за Scheme од МИТ 6.001,...).

Но, не само тоа, мислам дека уште поважен момент е целосниот mind-shift: од претходното спорадично пасивно користење на GNU/Linux, до активен член на една заедница во која се споделуваат идеи, знаења, искуства и секако, каде што има одлично друштво. Сега активно го промовирам слободниот софтвер, на луѓето им посочувам дека има слободни алтернативи на програмите кои ги користат на M$ платформата, како LibreOffice, Firefox, Thunderbird, Pidgin и др.

МД: Почнав да користам GNU/Linux во прва година средно училиште поради едноставна причина: пиратскиот Windows не ми работеше и останав. Дојдов уште на првиот настан на ФЕИТ, а одев и на СподелиКино во Точка.

#2 НН: Кој е најлесниот начин нов човек да се приклучи во заедницата? Висар, ти си мислам меѓу последните што почнаа редовно да доаѓаат во КИКА. Какво беше твоето искуство?

ГМ: Доколку користи IRC, веројатно најлесно е да се приклучи на нашиот канал #lugola на freenode.net.

ВЗ: Мислам дека најлесно е преку прва помош. Како што беше и мојот случај, откако ми помагнаа на прва помош, јас почнав почесто да доаѓам. И да, секако, IRC каналот #lugola помага многу (и читањето логови :)). Исто така и читањето на викијата на членовите на 2с.мк.

МД: IRC и доаѓање на некој интересен настан. Секој има различен концепт за интересно па нека изберат сами. :)

#3 НН: Гоце на тебе се сеќавам како на првиот известувач за медиуми за настаните што ги организираш Слободен софтвер Македонија [на пр. фестивалите за инсталација]. На што се сеќаваш ти од тие рани денови?

ГМ: Па, се сеќавам дека не ни беше никаков проблем да снимаме прилози за слободен софтвер и за работата на Слободен софтвер Македонија. Кога велам „ни“, мислам на мене и на мојата соработничка Ирина Шумадиева. Колку можевме, тоа го правевме за ТВ-емисијата Ентер, а потоа и во рамките на нашиот самостоен ТВ-проект Инбокс.

За првиот фестивал за инсталација и преснимување на GNU/Linux, што се одржа во просториите на собранието на град Скопје од 15 до 16 мај 2004 год., изработивме ТВ-прилог за емисијата Ентер. Се сеќавам дека Миша Поповиќ даваше изјава како претставник на Слободен софтвер Македонија и дека упорно му го грешев името и му се обраќав со „Мише“. :-)

Потребата за известување особено се наметна во 2003 год. кога Владата на Република Македонија се подготвуваше да го потпише договорот за стратешко партнерство со корпорацијата Microsoft. Во тој период, интензивно подготвувавме прилози за придобивките од користењето на слободен софтвер и бевме во комуникација со Арангел Ангов, но и со други членови на Слободен софтвер Македонија.

Не можам да заборавам на непријатната случка што ја имав со Царинската управа на Република Македонија. Имено, добив идеја на гледачите на Ентер да им овозможиме да добијат бесплатни компакт-дискови со слободниот оперативен систем Ubuntu, а бидејќи тогаш Canonical вршеше бесплатна испорака на оптички дискови со Ubuntu, порачав поголем пакет, ако добро паметам, од 100 парчиња. Тој пакет никогаш не ми беше дозволено да го подигнам од Царинската управа, со објаснувања како: „А, што ќе рече Microsoft?“ и „Ќе ни се налути Microsoft“.

Мислам дека и во двете телевизиски емисии, најголем дел од прилозите за слободен софтвер беа поврзани или се однесуваа на работата на Mozilla и Интернет-прелистувачот Firefox.

#4 НН: Марко, ти доаѓаш на настани како СподелиЗнаење од нивниот почеток [те видов на фотографии од „Точка“]. Можеш ли да ни раскажеш како се сеќаваш на почетоците на СподелиЗнаење? Како еволуираше таа активност? Каква е денес?

МД: Првпат дојдов на СподелиЗнаење настан во амфитеатарот на ФЕИТ, што мислам дека беше и почеток на јавните редовни настани. Потоа се изродија СподелиКино и Знаење во Точка, но модерната приказна почна во гаражата на Илин со Хаклаб 0.5 :).

#5 НН: Денес сте редовни во КИКА. Зошто е интересно да се доаѓа во хаклаб?

ГМ: Па, јас сум од помалку редовните, но кога можам сум присутен, да. Доаѓам за да научам нови работи, да го споделам тоа што го знам и за дружба со заедниците. :-)

ВЗ: Секогаш има нови работи. Одлични луѓе кои секогаш се спремни да помагнат и да споделат тоа што знаат.

МД: Одам често. Интересно е што се прават работи, а и се зборат интересни муабети.

#6 НН: Што мислите за пристапот „направи сам“ што се применува во хаклабот?

ГМ: Одличен е за постоечките членови на хаклабот, но може да претставува пречка или предизвик за новите членови.

ВЗ: Само би ја цитирал оваа кинеска поговорка: Give a man a fish and you feed him for a day. Teach a man to fish and you feed him for a lifetime.

МД: Па за програмирање е супер, се учи со правење. За прва помош сепак треба ние да им помогнеме на луѓето.

#7 НН: Дали мислите дека нешто му недостасува на хаклабот? Што би промениле вие?

ГМ: Би ја подобрил организацијата, за да можеме да го зголемиме бројот на тековни активности. Исто така би размислувал за воведување на нови начини на промоција на хаклабот.

ВЗ: Мислам дека ако сите се обидеме да бидеме малку поодговорни работите ќе бидат подобри. Ако на блог се пишува настан ќе почне во 7, тогаш треба да се почне, а не во 7.30. И да се направат кратки логови од настаните што се случуваат не би било лошо. Така луѓето што поради некакви причини го пропуштиле некој настан, ќе знаат што се работело. А и луѓето кои би сакале да ни се придружат би имале претстава што се работи во КИКА.

МД: Да порасне малце со луѓе, повеќе настини за повеќе публика. Би вратил пиво.

#8 НН: Која GNU/Linux дистрибуција ја користите? Зошто?

ГМ: Коритев Ubuntu, но од неодамна сум на Debian (Wheezy) - работи побрзо од Ubuntu. Сепак, можно е да преминам на Trisquel.

ВЗ: Archlinux, бидејќи е могу customizable. И Дебиан на старото ПЦ.

МД: Archlunux, еднаш ја подесуваш и трае со години, а и се има во AUR.

#9 НН: Која ви е омилена анегдота од локалната заедница?

ГМ: Немам омилена, ама има повеќе добри: оттуѓување, не дај Баже, Тамара sleep all day и др.

ВЗ: Па би ја спомнал последната - кога Гоце го формулираше текстот за барањето за финансии за хаклабот, и дискутиравме дали да одиме по компании или не. И Дамјан рече дека тоа се коси со автономијата на Хаклабот, и искоментиравме дека намерно е ставено во името на КИКА да има Автономија, за да се оневозможи некој да побара пари од корпорациите за КИКА :) It’s a trap :D

И секако, не дај Баже :)

МД: Ваљда нешто од НСНД и кафана ама сум заборавил :)

#10 НН: Кој е најдобар дежурен во КИКА? :-)

ГМ: Не знам. :-)

ВЗ: Дамјан и Алекс.

МД: На времето Далибор, сеа Висар.